Регистрирани 844 нови случаи на Ковид-19, пријавени се 6 починати лица

Во изминатово деноноќие направени се 1.890 тестови, а регистрирани се нови 844 случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 374, Куманово и Тетово – по 43, Битола – 38, Прилеп – 35, Велес – 33, Кавадарци и Охрид – по 30, Штип – 24, Гевгелија – 23, Гостивар – 21, Струга – 20, Струмица, Неготино и Радовиш – по 19, Кичево, Кочани и Кратово – по 9, Берово – 8, Крива Паланка – 7, Дебар и Валандово – по 5, Ресен и Крушево – по 4, Виница и Демир Хисар – по 3, Свети Николе, Богданци и Македонска Каменица – по 2, Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (844), регистрирани се 188 реинфекции.

Регистрирани се 815 оздравени пациенти од: Скопје – 350, Битола – 65, Куманово – 44, Кавадарци – 39,Прилеп – 38, Тетово – 28, Охрид – 27,Велес – 26, Струмица – 25, Штип – 20, Гостивар – 17, Ресен – 16, Гевгелија – 15, Свети Николе – 14, Кичево – 13, Кочани – 10, Струга и Кратово – по 9, Радовиш и Крива Паланка – по 7, Берово и Валандово – по 6, Неготино – 5, Демир Хисар – 4, Дебар, Крушево, Виница и Богданци – по 3, Демир Капија – 2, Македонски Брод – 1.

-Во текот на изминатите 24 часа се пријавени три починати лица од Скопје (72г,76г и 83г) починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани три починати лица, од Тетово (85г), Кавадарци (74г) и од Охрид (70г). Две лица се починати во домашни услови и еден во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 05.07. – 30.07.2022 година, се наведува во информацијата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 330.016, бројот на оздравени пациенти е 316.490, на починати е 9.387, а бројот на активни случаи изнесува 4.139

Претходна вестЦените на бензините се намалуваат за 2, на дизелот за 2.5 денари
Следна вест Во охридска фирма најдена непријавена марихуана