РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ со нови директори

Разрешени се директорите на РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“, информираа од ЕСМ. Оваа одлука е донесена на седница на Управниот одбор на АД ЕСМ се наведено во нивното соопштение.

На местото на досегашниот директор на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски, е назначен за в.д. Директор Пеце Матевски, досегашен директор на „Термоелектрана“.

Во РЕК „Осломеј“ , на местото на директорот Златко Пиперкоски за в.д. директор е поставен Стојан Мицкоски, досегашен технички директор во „Рудници“.

Во следните денови ќе бидат извршени и други кадровски поместувања внатре во комбинатите, со цел подобрување на процесот на производство и соочување со предизвиците од енергетската криза, се вели во соопштението на ЕСМ.