Реконструирана пешачката патека на улицата „Љубљанска“ во Карпош

Со финалното асфалтирање на пешачката патека на улицата „Љубљанска“ на потегот пред „Сити Мол“, заврши реконструкцијата на патеката во насока од „булеварот Илинден“ кон булеварот „Партизански одреди“, соопшти ЈП „Улици и патишта. Работите се изведени на  вкупна површина од 1.000 квадратни метри.

Ова градско претпријатие информира дека со реализацијата на овие градежни активности, пешачката патека на улицата „Љубљанска“ е целосно реконструирана од двете страни, на вкупна површина од 2.300 квадратни метри. Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во претходниот период целосно ја реконструираа и пешачката патека на улицата „Љубљанска“ во правец од булеварот „Партизански одреди“ кон булеварот „Илинден“, на вкупна површина од 1.300 квадратни метри.

-Со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила, на реконструираната пешачката патека досега се поставени 94 заштитни столпчиња, а во наредниот период ќе се постават на целиот потег, се наведува во соопштението.

Претходна вестМутациите на Омикрон ќе го зголемуваат бројот на случаите на Ковид-19, подготвени ли сме за тоа?
Следна вестДо полноќ траеа тензиите меѓу пратениците во Собранието