Добро е: Реконструирани 9.000 квадратни метри пешачки патеки во Градскиот парк

Завршува реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк која опфаќа површина од 9.000 квадратни метри, соопшти денеска Градот Скопје.

Во информацијата се наведува дека екипите на ЈП „Улици и патишта – Скопје“ поналог на Град Скопје во изминатите месеци целосно ги реконструираа патеките зад Зоолошката градина, кај Сточарскиот институт и патеките зад Луна паркот.

-Реконструкцијата на пешачките патеки се реализираше во фази и се одвиваше на вкупна површина од 9.000 квадратни метри. Патеките се со променлива должина и широчина и  бидејќи се целосно реконструирани и асфалтирани, граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација, се наведува во информацијата.

Со завршувањето на реконструкцијата на патеките во овој дел од паркот, во наредните денови екипите продолжуваат со активности за реконструирање на пешачките патеки во внатрешноста на паркот на површина од околу 2.800 квадратни метри.

Да се надеваме дека на ред ќе дојде и потемелното чистење на езерцата.

Претходна вестСега е порешително: Бочварски и од Тирана порача дека приоритет се патиштата
Следна вестВласта не го прифати опозицискиот предлог да се намали акцизата за горивата