Темен режим Режим на светлина

Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска

Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска Реми без возбудувања, Македонија одигра 0-0 со Ирска

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра нерешено без голови против Република Ирска во Даблин, во дуел на двете селекции кои не успеаја да обезбедат пласман по полуфиналниот бараж за Светското првенство 2026.

Македонскиот тим прикажа сигурна игра во одбраната, но натпреварот не донесе многу возбудувања и имаше понизок интензитет во споредба со претходниот дуел против Данска во Копенхаген.

Првата посериозна закана дојде во 26. минута, кога Енис Барди шутираше од слободен удар, но голманот Кејвин Келехер одбрани и исфрли во корнер. Набргу потоа се обиде и Фин Азаз, но неговиот удар заврши над голот на Столе Димитриевски.

Ирците се заканија преку Трој Перот, кој најпрво шутираше со глава право во Димитриевски, а потоа беше непрецизен од незгодна позиција. Во 39. минута Перот ја имаше најдобрата шанса, но по грешка на Дарко Велковски шутираше непрецизно од непосредна близина.

Во самиот финиш на првото полувреме, Перот ја затресе мрежата, но погодокот беше поништен поради офсајд.

На стартот од второто полувреме селекторот Горан Седлоски направи неколку измени, давајќи им шанса на Дени Мусовски, Милан Ристовски и Никола Серафимов.

Домашната селекција продолжи со притисокот – Перот повторно се најде во шанса во 50. минута, но беше непрецизен, а Азаз се обиде од далечина без успех. Во 62. минута Лијам Скејлс упати удар, но Бобан Николов интервенираше со одличен блок.

Во судиското продолжение Македонија имаше добра можност преку Мусовски, но не успеа да реализира. На спротивната страна, Џони Кени се закани, но Димитриевски повторно беше сигурен.

Натпреварот заврши без голови, со мал број вистински шанси и без поголеми возбудувања.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) Сте слушнале ли дека?

(Видео) Сте слушнале ли дека? – Епизода 37

Следна објава
МЗТ со тешка победа над Тиквеш, Пелистер подобар од Гостивар

ТФТ го шокира Златибор и обезбеди полуфинале