Репризите на проектот на Град Скопје „Култура во време на корона“ се достапни деновиве за време на продолжениот викенд под клуч.
-Граѓаните ќе имаат можност секој час во текот на петок, сабота и недела, да уживаат во изведбите на различни уметници од независната културна сцена што беа дел од проектот „Култура во време на корона“. Програмата ќе понуди разновидна програма – концерти на класична, поп, рок, алтернативна и електронска музика. Настапите се емитуваат на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје, соопштија од таму.
Програмата на фејсбук страната почнува околу 10 часот.