Кошаркарскиот клуб Маџари со своето враќање на терените сезонава е едно од најголемите спортски освежувања во земјава. Од досегашните постигнувања најавуваат дека престојот во Третата лига ќе трае многу кратко, односно само една година.
Поранешниот репрезентативец Диме Тасовски пред почетокот на сезоната го регистрираше клубот а во стручниот штаб се вклучи уште една легенда – Перо Блажевски. Во играчкиот состав е регистриран и тренерот Ивица Палевски, кој ќе има можност да игра со својот син Иван кој е тука од стартот на сезоната, воедно е еден од најмладите во екипата со само 18 години.
По 12 кола во Третата македонска кошаркарска лига, Маџари е лидер на табелата со биланс 11/1 и еден бод повеќе од локалниот ривал Феникс баскет.