Резултати нема, сепак Антиќ не смета дека треба да поднесе оставка во КФМ

Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ не гледа причина за да си поднесе оставка иако Македонија не успеа да се пласира на наредното Европското првенство. Тој смета дека ги создал потребните услови.

-Сме биле играчи знаеме колку е важна поддршката од сите страни. Резултатите на крај остануваат на нив, на играчите и на селекторот,  не можеме ние да влеземе на терен и да играме наместо нив. Ние како федерација ги овозможивме сите услови на репрезентацијата. Не размислувам за оставка, вели Перо Антиќ.

Останува непознато дали селекторот Александар Тодоров ќе биде и понатаму на чело на кошаркарската репрезентација.

Претходна вестЗемјотрес со епицентар во Грција го стресе и Скопје
Следна вестСе вратил од Занзибар со корона вирус, ќе се испитува дали е од јужноафрикански сој