„Риголето“ вечерва на Мајски оперски вечери

Едно од ремек делата на Џузепе Верди, „Риголето“ ќе биде изведена вечер на сцената на Македонската опера и балет во рамки на 47. Мајски оперски вечери.
Диригентската палка е во рацете на Алесандро Д`Агистини, а режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Во главните улоги ќе настапат гостите од Италија – баритонот Алберто Гаѕале како Риголето и сопранот со префинета вокална техника, Линда Кампанела како Џилда. Гаѕале бележи блескава кариера со репертоар кој вклучува над 70 улоги, а настапува во Миланската Скала, Виенската „Штац“ опера, Арена ди Верона како и во повеќето претижни оперски куќи низ Европа.