Рисимкин и Данчевска екслузивни гости во Анкара на покана на „Соло танц фестивал“

Македонските кореографка и танчарка Рисима Рисимкин и Адријана Данчевска се гостинки на фестивалот „Соло танц фестивал“ од Анкара, на специјална покана од организаторите. Во Турција престојуваат до 21 септември, а гостуваат во програмата со дел од претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисимкин, насловен „Фаталност“. Композитор е Тони Китановски, костимите се на Благој Мицевски, а дизајнот на сцена на Матеа Мијановиќ.

Ова е прв пат од новонастанатата ситуација со КОВИД-19, Скопје танцовиот театар да настапува надвор од Македонија. Во програмата, покрај Рисимкин и Данчевска, ќе се претстават и уметници од Луксембург, Италија, Франција, Израел, Полска, Украина и Турција, а фестивалот се одржува во ЦЕР Модерн центарот во Анкара, на отворена сцена.

Претходна вестРодители до Владата: Промашивте целосно, не е еден месец, не е затекната состојба и имавте доволно време!
Следна вестПроменливо облачно време со температура до 31 степен