РК Алкалоид тактички подготвен го пречекува данскиот Солкеборг

РК Алкалоид, денеска ќе го пречека претставникот на Данска Бјерингбро-Солкеборг во Лигата на Европа на ЕХФ. Дебитантот на европската сцена, Алкалоид, во првите две кола доживеа пораз на домашен терен од Војводина и одигра нерешено против Ла Риоха во Шпанија. Данскиот тим има победа над Ла Риоха и пораз од Војводина.

Кире Лазаров кој е тренер на ракометарите на Алкалоид е дециден:

-Нашата публика ќе има можност да гледа еден квалитетен натпревар меѓу две екипи кои играат модерен ракомет. Очекувам тврд и силен меч. Фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, тоа е реалноста, но ние ќе гледаме да се поставиме добро и ако ни се укаже шанса да го искористиме моментот и да стигнеме до позитивен резултат, рече Лазаров.

Играчот Иван Џонов истакна:

-Тактички сме добро подготвени за противникот. Ако одиграме најдобро што знаеме, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат. Ќе ни биде потребна и поддршка од македонската публика.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Бјерингбро-Силкеборг е закажан за од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“

Претходна вестРашковски излегува на слобода, судот му го укина притворот
Следна вестМинистрите сосе премиерот вака мегаломански ли се задолжуваат и по дома?