Родители на играчи на Шкупи влетаа на терен и нападнаа фудбалери на Брегалница: Две деца со тешки повреди

1512

Тежок инцидент го одбележа денешниот натпревар на младинските екипи на Брегалница (Штип) и Шкупи (Скопје – Чаир), одигран во првото коло од Републичката пионерска лига за генерацијата 2010 година на игралиштето „Бело Брдо“ во Штип.

Според информациите на локалните медиуми, инцидентот настанал во последната минута од мечот, по прекршок меѓу двајца млади фудбалери. Дел од гостинската публика, односно родители на играчите на Шкупи, влегле на теренот и физички нападнале двајца играчи на Брегалница. Еден од напаѓачите, како што се наведува, со клоци ги удирал младите фудбалери.

Неофицијално, 2 деца се тешко повредени – едното со скршена нога, а другото со повреди на главата. Тие се пренесени во Клиничката болница во Штип.

Откако децата биле нападнати, на теренот влета и дел од домашната публика, по што настанала масовна тепачка. Полицијата интервенирала веднаш и го привела главниот напаѓач, против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Инцидентот се случи при резултат 2:1 во корист на Брегалница.

Повеќе детали се очекуваат од Министерството за внатрешни работи во текот на денот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ се многу близу до договор за градоначалници за Куманово и Центар
Следна вестМуцунски заминува за Брисел на важни средби за Македонија