Родителите му ги доверувале на чување трите деца, тој вршел обљуба врз најстарото дете

Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, донесе Основното јавно обвинителство Гевгелија.

-Осомничениот, на кого родителите му ги доверувале на чување трите деца на возраст од 8, 6 и 2 години, искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете, соопшти Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело.

Судијата за претходна постапка го прифати предлогот и му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Претходна вестПолска бара отштета од Германија од 1,3 билиони долари поради претрпени штети во Втората светска војна
Следна вестРегистрирани 75 нови случаи на Ковид-19 и 2 починати лица