Рокот за Hemi Music Awards тече, последен ден за пријавување е 23 декември

Уште помалку од 25 дена остануваат од рокот за пријавување за програмата Hemi Music Awards (HMA) наменета за талентирани музички изведувачи кои сакаат да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво.

Организатор на програмата е Центарот за размена на музички иновации- европска иницијатива што има за цел да ги поддржи изведувачите и професионалците во музичкиот бизнис од Македонија, Грција, Естонија, Полска, Романија, Србија и Словенија.

Можат да се пријават и учествуваат сите бендови или соло артисти (постари од 18 години), кои живеат во една од земјите кои го сочинуваат HEMI. Крајниот рок за аплицирање е среда, 23 декември 2020 година до 23:59 часот. Аплицирањето е бесплатно и отворено за секој музички жанр. Сè што е потребно е да се пополни апликацијата достапна на нивната веб страна.

Претходна вестПМ10 „вриштат“ во Лисиче, општината мете улици и рекламира нови метларки
Следна вестПретпладне магла,попладне сончево со мала до умерена облачност