Роман на годината за 2021 година е „Денот на црвот“на Симона Јованоска

Утре во кафе барот „Филхармонија“ се доделува наградата „Роман на годината“ за минатата 2021 година. Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ годинава и ја доделува наградата на Симона Јованоска за романот „Денот на црвот“.

– Романот „Денот на црвот“ претставува успешно книжевно остварување во кое авторката на умешен начин комбинира различни приказни, егзистенцијални ситуации и човечки судбини. Композициски, книгата може да се чита како еден вид книжевна симфонија во која голем број елементи дијалогизираат едни со други, на моменти се оддалечуваат и се доближуваат за повторно да се спојат и обединат во една смисловна целина. Романот е богат на ниво на стил, книжевна постапка, тон на раскажување, а хуморот, иронијата, суптилната пародија се само некои од стратегиите што ги користи авторката за да го збогати читателското искуство и за да ги нијансира значењата на текстот, образложи жири-комисијата овогодинешната „Роман на годината“.

Претходна вестИзвештај на МЗ за три дена: Двајца починаа и 389 се новозаразени од ковид 19
Следна вестДенеска и утре нестабилно со пороен дожд, четврток и петок стабилизација