Роналдо: Единствениот сум што постигнал гол на 5 светски првенства и горд сум на тоа

Светското првенство во фудбал почна успешно за фудбалскиот мајстор Кристијано Роналдо. Тој на првиот натпревар постигна гол. Со ова тој е единствен играч кој постигнал гол на 5 Мундијали по ред.

– Ова е одличен момент – гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна е победата во првиот натпревар. И уште еден рекорд, да. Јас сум единствениот кој постигнал гол на пет Светски првенства по ред и горд сум на тоа. Драго ми е што тимот покажа одличен фудбал. Беше тешко, но остваривме заслужена победа. Поглавјето во Манчестер јунајтед е затворено, јас сум фокусиран само на Светското првенство. Победивме, му помогнав на тимот. Останатото не е важно, рече 37-годишниот.

Роналдо има шанса да даде нови гололови веќе на следен противник – репрезентацијата на Уругвај  со која Португалија ќе си ги одмери силите на 28 ноември.

 

 

 

Претходна вестТите: Нејмар ќе игра, можете да бидете сигурни во тоа
Следна вестКрмов: Ковачевски ја злоупотребува премиерската функција за црна кампања против Левица