Необична несреќа се случи во петокот во центарот на Рим, кога куче ротвајлер падна од третиот кат на зграда врз трудница која поминувала на улица. Трудницата (28) била во вториот месец од бременоста. Таа по несреќата е хоспитализирана и е во стабилна состојба, а плодот е витален, објави „Ла Република“.
Се чинеше како истрел од пиштол, но кога се свртев, видов дека кучето падна на улица. Коди, така се викаше, почина за неколку минути, изјавила Ирине Гуиди, случајна минувачка која ѝ помогнала на повредената жена.
Сопственичката по несреќата истрчала на улица. Таа вели дека не забележала ништо.
– Слушнав тресок, како некој да пука, а потоа забележав куче кое излета низ прозорецот, изјави сведок кој работи во блиската продавница.
Сличен инцидент се случи во 2018 година во Торино, кога мачка тешка шест килограми падна од осми кат врз случаен минувач. Животното починало, а човекот е повреден. Во тој случај, сопственикот на мачката е обвинет за повреда од невнимание.