Роверот на НАСА успеа да го сними првото зајдисонце на Марс

За прв пат, Роверот „Кјуриосити“ на НАСА кој се наоѓа на планетата Марс забележал некои од најчистите „сончеви зраци“ видени некогаш на Црвената планета. Ова зајдисонце дава клучни информации за времето на Марс.

Исто како и на Земјата, проучувањето на облаците може да им помогне на научниците да го разберат времето на Марс. Гледајќи кога и каде се формираат облаците, тие можат да научат повеќе за составот, температурите на атмосферата и ветровите на Марс.

Инаку, Роверот ја снимил фотографијата додека сонцето заоѓало позади темните облаци со нијанса на зелена и розова боја, а со оглед дека тие се на голема височина, научниците претпоставуваат дека се составени од мраз со јаглерод диоксид, познат и како сув мраз.

– Кога ги гледаме транзициите на боите, всушност гледаме промена во големината на честичките во облакот. Тоа кажува многу за начинот на кој облакот еволуира и како неговите честички ја менуваат големината со текот на времето, изјави атмосферскиот научник Марк Лемон од Институтот за вселенска наука во Колорадо.

Облаците на Марс се ретка појава бидејќи има малку вода во атмосферата на планетата. Доколку пак се појават, најчесто се забележани околу екваторот на Марс во најстудените денови од годината.

Претходна вестКазнети 245 возачи кои возеле пребрзо, 157 од нив во населено место
Следна вестСилен воздушен напад врз Украина, детонации во скоро сите поголеми градови