Русија го крши мразот, се одигра фудбалски меч со 32.000 публика

Додека во Македонија не напикаа по дома за да се спасиме од пандемијата, а спортот го гледаме само на телевизија, во светот, онаму каде побрзо реагираа на сузбување на вирусот почна да се дише послободно.

Во повеќе земји во Европа веќе почнуваат со овозможување да се следат спортски натпревари со малку публика, а Русија вчера отиде уште подалеку.

Имено во Русија вчера се играше натпревар помеѓу екипите на Ростов и Спартак Москва, натпревар кој го проследија дури 32.000 гледачи.

Натпреварот заврши со 3:2 победа за Спартак, резултато и не е толку битен, меѓутоа она што го привлече вниманието беше големата публика на трибините.

Да се надеваме (но и да работиме) дека наскоро ова ќе биде вообичаена слика, дури и кај нас во Македонија.

Претходна вестДо кога институциите сурово ќе кажуваат на граѓаните: Не сме надлежни?
Следна вестИ црвената и сината партија ни подметнуваат „судбина“ со соседот