Русија повеќе нема да учествува во работата на Советот на Европа бидејќи смета дека оваа институција станува „платформа на западниот нарцизам“ и субверзивни активности кон Москва. Ова денеска го соопшти руското Министерство за надворешни работи.
-Москва нема да учествува во претворањето на Советот на Европа во платформа за западниот нарцизам на НАТО и ЕУ. Уживајте меѓусебно, но без Русија, се вели во соопштението на Министерството.
Исто така се додава дека државите на ЕУ и НАТО кои се непријателски настроени кон Русија, го злоупотребуваат апсолутното мнозинство во Комитетот на министри на Советот на Европа (CMCE) и продолжуваат да го уништуваат Советот на Европа и заедничкиот хуманитарен и правен простор во Европа, пренесува РИА Новости.
-Русија нема намера да ги толерира овие субверзивни дејствија на Западот во согласност со наметнувањето ‘поредок заснован на правила’ што всушност е кршење на меѓународното право од страна на САД и нивните сателити, се додава во соопштението.