Русите се на чекор целосно да го освојат Бахмут

По долги и крвави борби Русите се на чекор да го освојат украински град Бахмут. Градот е веќе е напуштен од повеќе од 90% од предвоеното население.

– Украинската одбрана во и околу источниот град Бахмут беше притисната од комбинација на интензивни артилериски, минофрлачки и воздушни напади и значително распоредување на копнени сили, и редовни руски и борци од приватната воена компанија Вагнер, пренесува Си-Ен-Ен.

Според оваа телевизија падот на Бахмут би можел да значи дека  силите на рускиот претседател Владимир Путин се подобруваат, учат од низата грешки што ги направиле досега во овој конфликт и конечно ја капитализираат нивната супериорност во бројност и огнена моќ.

Додека според Американскиот тинк-тенк Институт за проучување на војната (ISW) Украинците спроведуваат „ограничено тактичко повлекување“ од Бахмут, додавајќи дека се уште е рано да се зборува за целосно повлекување на украинските војници од градот.

 

Претходна вест151 сообраќаен прекршок во Скопје, 23 за пребрзо возење…
Следна вестЗа пет часа казнети преку 190 пешаци за преминување улица надвор од пешачки