Темно Режим Светло Режим

Русите тврдат дека Украинците го нападнале Кримскиот мост

Рускиот национален антитерористички комитет соопшти дека мостот на Крим синоќа во 03:05 часот бил нападнат од два украински беспилотни летала, пренесува РИА Новости. Како резултат на извршениот терористички чин е оштетена патната компонента на Кримскиот мост. Во исто време загинаа две возрасни лица, а едно дете е повредено.

Покрената е кривична постапка по членот терористички акт. Се наведува дека итните служби се на лице место и органите на прогонот ги спроведуваат сите потребни оперативни и истражни дејствија.

Инспекторите ги идентификуваат инволвираните во организацијата на терористичкиот акт од редовите на украинските специјални служби и вооружени формации, соопшти прес-службата на Истражниот комитет.

Претходниот Пост

Малолетници натепани и ограбени на Спомен Костурницата во Куманово

Следниот Пост

Симиќ во идеалната петорка на ЕП