Руски дипломат се судри со кумановец кој заврши со повреди во болница

Вчера околу 10.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд фокус“ со дипломатски таблички, управувано од К.А.Л.(52) од Руската Федерација и патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г. Б.(46) од Куманово.

Во незгодата, со повреди се здобил Г.Б. и бил пренесен за укажување лекарска помош во болницата во Куманово, велат од МВР.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.

Претходна вестВремен режим на сообраќај на улиците „Даме Груев“ и „Александар Урдаревски“
Следна вестЖРК Металург нема да игра против Чаир поради неисплатени плати