Русковска испитува зошто Спасовски со месеци не го затворал техничкиот преглед во кој амин доби и „Беса транс“

Предистрага зошто станицата за технички преглед на кој поминал и автобусот на „Беса транс“ кој изгорел во Бугарија не била затворена уште во август туку во ноември  минатата година, отворило Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на чие чело е Вилма Русковска. Предистрагата е отворена вчера откако за тоа е доставена кривична пријава од група граѓани при што е одземена е документација од неколку сектори во МВР кои го изврпшиле надзорот во станицата за технички преглед и го изготвиле решението за забрана.

Порталот „360 степени“ кон крајот на декември 2021 година објави дека станицата за технички преглед „Виа комерц“ во село Глумово (Општина Сарај) била затворена три дена по трагедијата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија, иако пропустите во нејзината работа биле откриени повеќе од три месеци претходно. Решението за забрана за работа е потпишано од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 26 ноември 2021 г. (три дена по несреќата на автобусот на „Беса транс“ во Бугарија).

Од документот се гледа дека неправилности во работата на станицата за технички преглед во село Глумово, Општина Сарај, биле откриени уште на 12 август 2021 година но од засега необјаснети причини, министерот Спасовски не потпишал решение за привремена забрана за работа – до отстранување на пропустите, иако таков предлог бил изготвен од соодветните служби во Бирото за јавна безбедност.

Во меѓувреме, на 5 октомври 2021 г., автобусот на „Беса транс“ што изгоре во Бугарија и со себе однесе 45 животи, поминал на технички преглед токму во оваа станица.

Од решението може да се види дека при надзорот на работата на станицата што надлежни служби од МВР го извршиле на 12 август, било утврдено дека не се водат потребните регистри на возила на кои им е извршен технички преглед, но и дека во контролата учествуваат нестручни лица.

Претходна вестОпштина Тетово поднесе кривична пријава против Теута Арифи
Следна вест„Послушајте Македонци…“ думите на Пулевски, Мисирков и Конески за македонскиот јазик