Русковска: Јавното обвинителство излезе надвор од законските овластувања

Шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција, Вилма Русковска како „излегување надвор од законските овластувања“ го оцени денешното соопштение на државното Јавно обвинителство. Во изјавата за радиото Дојче веле таа рече дека државниот јавен обвинител не може да носи упатства и насоки за работата на јавните обвинители. Државното Јавно обвинителство денеска изнесе низа забелешки и констатира пропусти на нејзиниот тим за постапката којашто ја воделе за Управата за финансиска полиција.

-Јавното обвинителство на РСМ излезе надвор од законските овластувања. Покрај тоа што немаат законско право да се мешаат во постапување по конкретен предмет, прашање е дали директорот на Управата за финанскиска полиција има полициски овластувања со оглед на тоа што го именува Владата. Во секој случај предметот може да се презаведе од еден уписник во друг и тоа е законски. Секогаш предистрагите ги водиме под РО, а тоа се презаведуваат во друг уписник, на пример во КО, КОПС…“, изјави Русковска.

Републичкото јавно обвинителство, на чие чело е Љубомир Јовески, даде упатства предметот да биде прераспределен кај друг обвинител во Специјализираното одделение за гонење на кривични дела извршени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

-При заведувањето на оформениот предмет нарушена е хоризонталната надлежност и организацијата на Јавното обвинителство. Кривичната пријава се однесува на лица од Управата за финансиска полиција, кои имаат полициски овластувања, а по таквите пријави надлежно е да постапува Специјализираното одделение. Според тоа, тројцата јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кои постапувале по овој предмет, а не се дел од Специјализираното одделение, ненадлежно постапувале по кривичната пријава, државното Јавно обвинителство.

Според член 56, став 4 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија и јавните обвинители на јавните обвинителства не може да донесуваат упатства и насоки кои се однесуваат на работата на конкретни предмети на јавните обвинители.

Претходна вестВо последните три дена 1.171 нов случај на Ковид-19, пријавени се 3 починати лица
Следна вестГрадоначалник на Крушево Христоски: Дел од коњаниците ја бојкотираат манифестацијата „10 дена Крушевска Република“