Сабаленка без своето знаме го освои Австралија Опен: Сите се уште знаат дека сум Белорусинка

Белорусинката Арина Сабаленка е тенисерката која годинава го освои Австралија опен. Таа денеска во финалето славеше над Елена Рибакина. Натпреварот беше спектакуларен, траеше речиси два и пол часа, и на крајо Сабаленка го доби со 4:6, 6:3, 6:4.

Сабаленка иако го загуби првиот сет, иако играше под неутрално знаме затоа што организаторите од Австралија Опен го забранија истакнувањето на знамето на нејзината држава поради војната во Украина, најде сили и умешност да доминира во вториот и третиот и на крајот после четири меч топки да победи.

Со оваа победа, најголема во кариерата, Сабаленка од понеделник ќе се искачи на второто место на ВТА листата.

Таа по мечот изјави дека е горда на себе и дека и покрај тоа што играше под неутрално знаме, вели сите се уште знаат дека таа е Белорусинка.

Утре во машкото финале на овој турнир се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.

Претходна вестБитолчанец на пладне возел со 2,61 промили алкохол
Следна вестМицкоски: Басните за 2001-ва Али Ахмети да му ги раскажува на Ковачевски