САД и ЕУ ги „закопаа“ секирите

Американскиот претседател, Џо Бајден и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, вчера телефонски разговарале и се согласиле да се координираат за прашањата од заеднички интерес.

Подобрување и заживување на партнерството САД-ЕУ, суспендирање тарифите за споровите во Светската трговска организација на 4 месеци и нивното решавање, координација за прашањата од заеднички интерес, вклучувајќи ги Кина, Русија, Белорусија, Украина и Западен Балкан, се дел од прашањата за кои вчера разгоарале тие.

Односите САД-ЕУ долго време беа тензични за време на мандатот на претходниот американски претседател Доналд Трамп. Уште пред инаугурацијата тој најавувапе дека ЕУ ќе се распадне, потоа се закануваше со поголеми царни доколку не се постигне договор за спорните трговски прашања, па дури и ја идентификуваше Европа како поголемо зло од другите актери во светот и тоа отворено го кажа како и многу други нешта во изминатите четири години.

Од својот прв ден во Белата куќа Бајден најави продолжување на односите со европските партнери и враќање на мултилатералната дипломатија.

Претходна вестМВР биланс: Брзо возење, возачи без дозволи и пијани
Следна вестСофија не побарала вметнување на Бугарите во Уставот, но зошто Османи спомена?