САД и Франција ја повикуваат новата македонска влада да ги почитува меѓународните обврски

Франција и Соединетите Американски Држави (САД) ја повикуваат новата влада на Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон Европската Унија и да ги почитува своите меѓународни обврски.

Ова е дел од американско-францускиот патоказ објавен од Белата куќа на 8 јуни годинава кој го утврдиле американскиот претседател Џо Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон на средбата во Франција од пред неколку дена при одбележувањето на 80 години од најголемата копнено-воздушно-поморска операција во историјата, Денот Д, за ослободување на Европа од нацистичката окупација.

Во делот од патоказот во кој се споменува Западниот Балкан, Париз и Вашингтон, меѓу другото, ја поздравуваат соработката за интеграција на регионот во Европската Унија со цел, како што се посочува, зголемување на просперитетот и јакнење на демократското владеење и владеењето на правото.

-Тие ја повикуваат новата влада во Северна Македонија да остане фокусирана на патот кон ЕУ и да ги почитува своите меѓународни обврски, се вели во делот од документот фокусиран на Западниот Балкан.

Повикот на САД и Франција е дел од серијата реакции на меѓународната заедница во изминатиот период кои следуваат по заклетвата што новата претседателка на земјава, Гордана Сиљановска-Давкова, ја кажа при преземањето на функцијата кога наместо уставното име на државата изговараше Македонија.

Претходна вестВардар остана без „самурајот“ Јасухира
Следна вестМечка нападнала стадо со овци во Гостиварско