САД ја отфрли идејата за воведување ковид пасоши

САД ја отфрли идејата за воведување задолжителни ковид пасоши како доказ за вакцинирање, велејќи дека приватноста и правата на граѓаните треба да бидат заштитени.

-Нема да има федерална база на вакцинираните во САД, ниту пак од некого ќе се бара да поседува федерален доказ за вакцинираност. Владата никогаш нема да поддржи систем кој бара од Американците да носат акредитиви. Приватноста и правата на американските граѓани мора да бидат заштитени, а таков систем ги прави нерамноправни, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Воведувањето на вакви сертификати се разгледува низ цел свет како начин за безбедно патување во време на пандемија.

Претходна вестСе празнува Благовец, денот на Богородица, денот на мајките
Следна вестСе уште нема разврска со случајот на Барди со „спорната“ возачка дозвола