Во обид да спречи напад врз едно лице вчера во Кичево физички е нападнат Б.Х.(22) од тетовското село Боговиње, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентниот центар во Скопје, соопшти денеска полицијата.
Инцидентот се случил кога две лица нападнале еден дваесетгодишник.
-Вчера во 18.30 часот, пред угостителски објект на бул.„Ослободување“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Х.К.(56) и Л.К.(23) врз Л.Х.(20), сите од Кичево информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Тој додаде дека лицето Б.Х. (22) се обидело да го смири инцидентот, но притоа настрадал и сега е на лекување во Скопје.
-По целосно расветлување на настанот, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава, објаснува Димоски.