Темен режим Режим на светлина

Самит за дигитализација на Западен Балкан 2025 во Скопје

Скопје денеска и утре е домаќин на Самитот за дигитализација на Западен Балкан (WBDS) 2025, што го организираат Министерството за дигитална трансформација на Северна Македонија и Советот за регионална соработка (RCC).

Настанот ќе ги обедини владите од регионот, бизнис заедницата, академската средина и меѓународните партнери со цел забрзување на дигиталната трансформација на регионот.

Организиран на две сцени – Главна и Технологија – WBDS 2025 ќе се фокусира на три приоритетни области: „Дигитален паричник: безбеден и лесен пристап до јавни и приватни услуги“, „Интероперабилност: поврзување на системи и регистри за овозможување на регионални е-услуги“ и „Сајбер безбедност: заштита на лични податоци и критична инфраструктура“.

Сцената за технологија ќе содржи сесии за вештачка интелигенција, 5G и оптичка инфраструктура, дигитални вештини и пристап на регионални компании до единствениот дигитален пазар на ЕУ.

Се очекуваат повеќе од 800 учесници и говорници, меѓу кои високи претставници на економиите од Западен Балкан, Европската комисија, RCC, Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), како и лидери од приватниот сектор.

Самитот ќе ги истакне и заедничките напори на засегнатите страни, поддржани од RCC, во истражување на следните чекори за намалување на цените за роаминг помеѓу Западен Балкан и ЕУ, со цел воспоставување на модел „роаминг како дома“.

Самитот за дигитализација на Западен Балкан е водечка регионална платформа за дигитална соработка, отпочната во април 2018 година. Првиот самит се одржа во Скопје на 18–19 април 2018, а WBDS оттогаш се организира секоја година во главните градови на Западен Балкан, обединувајќи влади, бизниси, академија и меѓународни партнери за споделување на знаења и забрзување на дигиталната трансформација – од укинувањето на роамингот во регионот до напредок во интероперабилноста, дигиталните вештини и е-услугите. WBDS е иницијатива што е дел од Дигиталната агенда во рамките на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар (CRM) и е кофинансирана од Европската унија.са/

Фото: Советот за регионална соработка

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Променливо облачно со слаб до умерен северен ветер

Следна објава

Земјотрес со јачина 6,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините, 69 загинати