Само Аеродром не се оддалечува од стотина болни од корона вирусот

За разлика од останатите скопски општини во кои се повеќе се намалува бројот на активно болни, во Аеродром и во изминатово деноноќие имаше околу стотина активни случаи – односно 94. Со тоа оваа општина сега е на врвот меѓу десетте скопски општини. Зад неа е Гази Баба со 71 заболен, а потоа следат Карпош со 68, Центар со 61, Кисела Вода со 54 и Чаир со 51 активен случај. Зад нив следуваат Бутел со 43, Ѓорче Петров со 33, Шуто оризари со 20 и Сарај со 16 заболени од корона вирусот.

Во околните скопски општини состојбата е следна: Студеничани – 16Арачиново – 9, Илинден – 12, Сопиште – 4, Чучер Сандево – 1, Петровец – 4, Зелениково – 1.

На подрачјето на градот Скопје вкупен број на активни случаи сега е 571.

Претходна вестПродолжува сончево и топло време
Следна вестГрад Скопје: Наместо булевар „Александар Македонски“ да се користат алтернативни рути