Само да не биде како со учебниците: МОН подготвува препораки за спречување на врсничкото насилство

По неодамнешниот страшен настан во белградското училиште каде беа убиени повеќе деца се растрчаа и во македонското министерство за образование. Како да се заштитат децата од меѓуврсничко насилство, а и да има поголема безбедност во училиштата?

Тоа беше главното прашање на кое се бара одговор. Да, одговор требаше да се бара и порано, ама ете добро е што и сега им текна.

И еве најново е дека Министерството за образованиеподготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. Основа на процесот биле заклучоците што произлегле од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата.

– По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница. Во меѓувреме, секој конструктивен предлог е добредојден, се наведува во соопштението.

МОН ќе работи и на креирање на сеопфатни протоколи за подигнување на безбедноста во училиштата и прирачници за постапување во случај на детекција на меѓуврсничко насилство.

Колку сето ова експедитивно ќе биде реализирано останува да се види. Не би било добро и овој пат да се исполнителни како за дел од учебниците, за новите предмети кои се фузираат, за…

Претходна вестТешка сообраќајка кај „Три Чешми“, повредени седум лица
Следна вестДо казни вчера стасаа 157 пешаци