Само ќе се бројат малолетниците фатени со марихуана или и ќе се преземе нешто?

Стануваат ли малолентиците се побројни конзументи на опојната дрога марихуана? Вакво прашање се наметнува гледајќи ги полициските извештаи за откриени лица кај кои при претреси била пронајдена оваа недозволена супстанца.

Завчера, марихуана била пронајдена кај 17-годишниот малолетник на булеварот „Илинден“. Пре десет дена на булеварот „Гоце Делчев“ прво била приведено 16-годишното девојче откако полицајците и нашле марихуана, а потоа на улицата „Анри Барбис“ истата дрога е најдена и кај 17- годишниот малолентик.

Во април, во една вечер дрогата била откриена кај дури тројца малолетници: прво кај двајца стари 16 и 17 години кои оделе по булеварот „АСНОМ“ во Аеродром и потоа кај 17-годишник на Бит-пазар…

Примерите се почести, но освен што тие се евидентираат во полициските билтени и се наведува дека против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, дали општествените институции најавуваат дека нешто ќе биде преземено? Такви најави не се слушаат во јавноста. Со завршетокот на учебната година сега и можноста за овој проблем да се збори на училишните часови запре. Значи ли тоа дека ќе се дигнат раце од овој проблем и се ќе се остави на полицијата која за приоритет го има откривањето на криминалот. Родителите што прават?

А дека состојбите се загрижувачки покажува и пред две години спроведената ЕПСАД-студија чие истражување на 2.400 средношколци покажало дека 780 користело марихуана…

Зарем сите очи се вперени само во изборна кампања, не се гледа ли што се случува со младината?

Претходна вестЛетото конечно стаса: Сончево и многу топло време
Следна вестСанкции за 475 граѓани, не носеле заштитни маски