Само нерешено против Финска во Скопје

Пријателскиот меч помеѓу Македонија и Финска не привлече многу гледачи на „Тоше Проески“ во Скопје, а тие кои есенската вечер ја помина на стадион не беа разочарани барем од залагањето и играта на двете репрезентации, иако можевме и повеќе од само 1:1 реми.

Гостите имаа подобро прво полувреме од македонските репрезентативци и заслужено дојдоа во водство во 37. минута по еден брз контранапад по грешка во средниот ред на нашата репрезентација, а Оливер Антман немаше проблем да го совлада Столе Димитриевски.

Во второто полувреме, тимот на Благоја Милевски беше поактивен и поубедлив, за конечно, да дојдеме до израмнување во 75. минута, кога Џани Алиоски беше соборен во шестнаесетникот, а Енис Барди со фантастичен удар го надмудри голманот Џеси Јоронен. Финците беа опасни пред нашиот гол, и во 84. минута

Македонија ја очекува уште еден пријателски меч, против Азербејџан во недела, на денот на отварање на Светското првенство во Катар.

Претходна вестПукал во братот поради расправија за фирмата
Следна вестОблачно со повремен дожд и умерен ветер