Само седум земји, меѓу кои и Македонија беа за продолжување на санкциите кон Куба, меѓу нив и Македонија

17

ОН повторно на страната на Куба. Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која бара укинување на американското ембарго што повеќе од 60 години ја изолира оваа карипска држава.

За документот гласаа 165 земји, седум беа против, а 12 воздржани.

Против гласаа: САД, Израел, Украина, Унгарија, Македонија, Аргентина и Парагвај.

Воздржани: Албанија, Босна и Херцеговина, Коста Рика, Чешка, Еквадор, Естонија, Латвија, Литванија, Мароко, Полска и Романија.

Резолуцијата, со број A/80/L.6, бара итен крај на економската, трговската и финансиската блокада на Куба, воведена од САД во 1962 година. Иако има симболично значење и не е обврзувачка, документот секоја година ја покажува огромната меѓународна поддршка за Хавана.

САД можат да ја укинат блокадата само преку одлука на Конгресот, бидејќи таа е регулирана со федерални закони – Cuban Democracy Act и Helms–Burton Act.

Повеќето земји-членки на ОН сметаат дека ембаргото е застарена мерка од времето на Студената војна, која повеќе ги погодува обичните граѓани отколку власта во Куба.

Од Хавана порачаа дека резултатот од гласањето е „јасна и гласна порака“ до Вашингтон – светот бара крај на блокадата и поддршка за правото на Кубанците на достоинствен живот и развој,

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНајмалку 132 лица се убиени во најсмртоносната полициска операција во Бразил
Следна вестЌе ги заменат останатите на листата, тројца пратеници станаа градоначалници