„Самсон и Далила“ вечерва во МОБ

Вечерва во МОБ, со почеток во 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“ на музика на Камиј Сен-Санс во кореографија на Роналд Савковиќ од Хрватска.

Главните улоги во претставата се Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили.

– Во деновите на љубовта, Националната опера и балет ве кани да уживате во приказната што на сцената ги носи страста, заведувањето, предавството и смртта, соопшти МОБ.