Санчез: Можете да сметате на поддршката на Шпанија

Можете да сметате на поддршката од Шпанија за членство во Европската унија порача шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон на прес конференцијата по средбата со премиерот Димотар Ковачевски.

– Северна Македонија е во Европа – како географски, така и историски и сега сте еден чекор поблиску до вашата посакувана цел. Можете да сметате на поддршката од Шпанија на вашите следни чекори за членство во ЕУ. Ве поддржуваме и ќе продолжиме да Ве поддржуваме, рече Санчез.

Тој ја искажа благодарноста за македонска широкоградост и одговорност и што иднината на земјата и европската визија се ставени пред било кој друг интерес.

-Ја направивте правиот избор, го деблокиравте патот што ќе ја доведе Северна Македонија на местото каде што треба да биде, додаде шпанскиот премиер.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски рече дека како земји сојузнички во НАТО, од исклучителна важност е нашето единство во придонесот на што побезбедна Европа.

-Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор на мир и стабилност во регионот. Заедно со Шпанија, ќе продолжиме да работиме на имплементација на целите на Алијансата за глобален мир и просперитет изјави македонскиот премиер Ковачевски на прес конференцијата.

Според него, во време во кое анти-демократските сили сериозно се обидуваат да влијаат врз стабилноста во Европа, ние како демократски, прогресивни и проевропски сојузници имаме обврска да го покажеме силното обединување против овие сили.

-Би сакал да го споделам заедничкиот заклучок дека оваа посета доаѓа во позитивен проевропски момент за Северна Македонија, кој планираме да го зајакнеме за време на шпанското претседателство со Европската Унија, кое со големо задоволство го очекуваме рече Ковачевски.

Тој на Санчес му кажа и големо Фала за ратификацијата на членството на нашата земја во НАТО, кога Шпанија се наоѓаше во исклучително тешки околности, а Парламентот се состана само за да ни даде поддршка. По три дена, Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.

Претходна вестКурти тврди дека нема опасност од дестабилизација во Косово
Следна вестПендаровски: Не поддржувам референдум, идејата на Мицкоски е манипулација