Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со скопската сообраќајна полиција, од 20 до 27 јули, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 98 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија попладнево од претпријатието.
Како што се наведува во соопштението, претпријатието и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка.
Се апелира да се почитуваат правилата и прописите, возилата да се оставаат само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на останатите возила, безбедно движење по улиците.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: