Санкционирани 160 возачи во Скопје, 71 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 160 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 71 санкција, 21 за возење без возачка дозвола, три за возење под дејство на алкохол.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за непрописно престигнување и обиколување.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.