Сашко Кедев го освои и Broad Peak, дванаесетиот највисок врв на светот висок 8.051 метар

Познатиот македонски кардиолог и алипинст Сашко Кедев вчера го освоил и Broad Peak, дванесетиот нависок планински врв во светот висок 8.051 метар. Веста за ова може да се прочита на интернет страницата https://mteveresttoday.com/more-summits-on-broad-peak/. Името на Кедев е меѓу членовите на алпинистичка експедиција кои тргнале во поход кон овој врв.

-На 29 јули, планинарите се искачија на Broad Peak околу 13:30 часот по пакистанско време. Според информациите, тие се соочиле со обилен снег. Истиот ден сите членови безбедно се вратиле во кампот 3. Тие сега се спуштаат назад во базниот камп, се наведува на оваа интернет страница.

Покрај имињата на водичите – шерпаси и на Сашко Кедев се наведени и имињата на останати алипинисти – учесници: Џина Мари Рзучидло, Џил Витни и Наоки Ишихава

Broad Peak е планина во Каракорам на границата на Пакистан и Кина, дванаесетта највисока планина во светот со 8.051 метар (26.414 стапки) надморска височина. За прв пат беше освоена во јуни 1957 година од Фриц Винтерстелер, Маркус Шмук, Курт Димбергер и Херман Бул од австриска експедиција.

Новото освојување се случува само кусо време откако на 22 јули Кедев се искачи и на врвот К2, висок 8.611 метри, втор највисок на светот по Монт Еверест (8.848).

Со ова, тогаш Сашко Кедев стана првиот и единствен Македонец, кој има искачено четири врва од 14-те тн. „осумилјадарки“ (над 8.000 метри). Во април годинава го освои Даулагири, седмиот највисок на светот (8.167), а лани Манаслу, висок 8.163 (осми во светот). Во 2009-та се качи на врвот на Монт Еверест.

Фото: Imagine Nepal

Претходна вестКомисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе изврши увид во Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во Битола
Следна вестВо Дебрца успешна акција за спасување млад штрк кој се заплеткал во своето гнездо