Сашко Кедев се искачи и на Гашербрум II, 11-тиот врв од вкупно 14-те повисоки од 8.000 метри

Познатиот макеоднски кардиолог Сашко Кедев постигна нов успех во неговата мисија да си искачи сите врвови со надморска височина поголема од 8000 метри. Имено, тој го искачи Гашербрум II кој е со надморска висина од 8035 метри и ова претставува негово 11-то искачување од вкупно 14-те врвови кои надминуваат 8 илјади метри.

Гашербрум II, позната и како К4, е 13-та највисока планина на Земјата. Сместена е на границата помеѓу провинцијата Гилгит-Балтистан, Пакистан, и автономниот регион Синјанг, Кина. Со висина од 8.035 метри, Гашербрум II претставува третиот највисок врв од масивот Гашербрум, сместен во венецот Каракорам на Хималаите. Планината за првпат била освоена на 7 јули 1956 година од страна на Фриц Морав, Јозеф Ларх и Ханс Виленпарт, членови на австриска експедиција.

Во мај годинава, само десетина дена откако го искачи врвот Макалу, македонскиот кардиолог и алпинист, Сашко Кедев, направи уште еден голем подвиг, го освои четвртиот највисок врв во светот, Лоце кој се наоѓа на Хималаите и е висок 8.516 метри.

Инаку, до сега д-р Кедев ги има искачено Монт Еверест (8848 метри), K2 (8611 метри), Лоце (8516 метри), Макалу (8463 метри) Чо-Оју (8201 метри), Даулагири (8167 метри), Манаслу (8163 метри) Нг Парбот (8125 метри), Анапурна (8091 метри), Броуд Пик (8047 метри).

Следни за искачување се Канченџунга (8586 метри), Гашербрум I (8068 метри) и Сишапангма (8013 метри).

Претходна вестСДСМ: Неприфатливо е барањето за отворање на албанска академија на науките и уметностите
Следна вестСиљановска Давкова именуваше претседател и членови на Комисијата за помилување