Саудискиот крал прогласи државен празник поради победата над Аргентина

Кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, го прогласи денешниот ден 23 ноември за државен празник по сензационална победа од 2:1 над Аргентина на отворањето на Светското првенство во групата Ц.

Националниот празник е прогласен со цел граѓаните на Саудиска Арабија да можат да ја прослават неверојатната победа на нивната фудбалска репрезентација.

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор и студенти во Саудиска Арабија ќе имаат слободен ден во среда, откако нивната репрезентација ја победи Аргентина со 2-1 во еден од најголемите шокови во историјата на Светските првенства.