СДСМ: Град Скопје да одговори, дали Илиевски согласно закон е поставен за директор на ЗОО Скопје

Јавно објавени информации во медиуми отвораат сомнеж дали новиот В.Д. директор на Зоолошка градина, Драган Илиевски е назначен согласно узаконите, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата прашуваат дали за оваа позиција бил распишан јавен оглас.

-Освен ова, дали Илиевски доаѓа од редот на вработените на оваа установа и кои биле критериумите што Илиевски ги испокнува за токму тој да биде назначен за вршител на должност директор на Зоолошката градина во Скопје? Град Скопје и Данела Арсовска мора да дадат одговор на овие прашања, особено што оваа установа се најде во средиште на скандал со колење на животни на сопствениот имот, се наведува во соопштението.

Истовремено, СДСМ смета дека за процесот на назначување треба да се вклучат и надлежните институции кои треба да проверат дали назначувањето на Илиевски е согласно законите.

Претходна вестМаж од Никуштак најден застрелан во автомобил во скопско
Следна вестЖена загина во пожар во куќа во Стар Дојран