СДСМ и ДПА меѓусебно ќе се поддржуваат на локалните – некаде во првиот некаде во вториот круг

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори.

Заев соопшти дека СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини.

-СДСМ и ДПА реципрочно ќе соработуваат и ќе се поддржат во повеќе општини со цел за граѓаните да ги обезбедиме најдобрите градоначалници и советници на кои служењето на народот им се главна цел и определба. Во некои општини соработката ќе ја реализираме во прв круг, а во други општини во втор круг. СДСМ продолжува ја гради и развива најголемата и најдобра коалиција за локалните избори во октомври, напиша Заев на Фејсбук.

Претходна вестФК „Вардар“ доби нов сопственик и шанса за големо враќање
Следна вестКазнето јавното претпријатие и директорот за горење отпад во депонијата во Росоман