СДСМ: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и во општините и покрај алармантната ситуација со загадениот воздух не презема ништо за да се заштити здравјето на граните. Скопје деновиве е меѓу градовите со најзагаден воздух на светот, иако ВМРО-ДПМНЕ во кампањата пред граѓаните ветуваа дека ќе реализираат низа мерки за да стават крај на овощ проблем, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека се што прават локалните власти на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година не е спречување, туку поттикнување на загадувањето. Јавниот превоз не функционира, јавните претпријатија се во катастрофална состојба. Трикратно ги намалија средствата за животна средина во градскиот буџет, а сериозно намалени беа и средствата за субвенционирање на набавката на инвертори од страна на физички лица.

Како што велат од СДСМ, нема ниту еден од петте најавувани мега паркови, а дивите депонии не само што не се чистат туку постојано никнуваат и нови. Центарот на Скопје и многу урбани населби се преплавени со смет.

Ова е последица на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која се интересира само провизиите и рацете во медот, но не и за интересите и потребите на Скопјани. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најнеспособните градоначалнци, се вели во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е заложник на Ахмети
Следна вестМакедонска литературна вечер во Москва