СДСМ: Масовно и достоинствено одбележан Денот на Републиката

Масовно, гордо и достоинствено, беше одбележан големиот национален празник 2-ри Август – Денот на Републиката, соопшти денеска СДСМ.

Владеачката партија наведува дека се работи за празник кој е темел на македонската државност.

-Ги воспеваме идеалите на илинденците, револуционерите, асномците, стоиме зад значењето на заедничката борба за стабилна, слободна, независна и просперитетна држава. Илинден е темелот на македонската државност, паметник на славното минато и светилник кон иднината. Илинден е нашата сила за европска иднина, да градиме заедничка држава за сите граѓани, држава интегрирана во Европската унија, како врвна стратешка цел, нагласуваат од СДСМ.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја партизираше прославата на Илинден на Мечкин Камен
Следна вестНи празникот не ги забави: 115 санкционирани возачи во Скопје, 69 за брзо возење