СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдум против македонски јазик во ЕУ не може да успее

Христијан Мицкоски самиот јавно кажа дека е против Европската унија. Во тоа тој е осамен и изолиран со единствена поддршка од неговиот партнер Димитар Апасиев со кого заедно одбработуваат за туѓи интереси, се наведува во партиското соопштение на СДСМ.

Владечаката партија наведува дека граѓаните гледаат дека тие анти ЕУ изјави почнуваат да доминираат во секој настап на Христијан Мицкоски, откако му паднаа во вода сите лаги, блокади и крвави сценарија.

-Проблемот на Мицкоски е што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ. Референдумот кој го најавува Мицкоски а за кој не ја знае ниту формата, ниту пршањето служи само за лична внатрепартиска употреба, откако му пропаднаа сите обиди преку насилство, блокади и крвави сценарија да ја закочи и дестабилизира државата. Референдумот на Мицкоски против македонски јазик во ЕУ, против преговори со ЕУ, нема да успее, граѓаните уште еднаш ќе ги поразат деструктивните политики на антиевропската ВМРО-ДПМНЕ, потенцираат од СДСМ.