СДСМ: Мицкоски и Апасиев станаа едно, здружени против ЕУ

Христијан Мицкоски со своето анти ЕУ и анти НАТО дејствување остана сам и изолиран.  Единствената поддршка што ја има е од неговиот партнер Димитар Апасиев и неговата проруска партија Левица, велат од СДСМ во денешното соопштение.

Владечака партија наведува дека Мицкоски и Апасиев заедно работеа на дестабилизација на државата, заедно ширеа лажни вести и хистерија, заедно креираа крвави сценарија што не им успеаја.

-Никој повеќе не верува во лагите на Мицкоски уште помалку некој го поддржува во идејата за референдум која служи само за негова лична, внатрепартиска употреба. Поради таквиот однос Мицкоски се испокара со коалициските партнери, затоа и другите опозициски партии му го свртеа грбот. Остана Мицкоски осамен, придружуван единствено од Апасиев со кого заедно работат за туѓи центри на моќ, се наведува во партиското соопштение.

СДСМ додава дека по којзнае кој пат, Мицкоски одбра да се стави на спротивната страна од државните и националните интереси, на погрешната страна на историјата.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста и криминогеноста на СДСМ и Ковачевски граѓаните ќе плаќаат по 1.000 денари повеќе месечно за струја и парно
Следна вестМотоциклист од Македонија загина на патот меѓу Подгорица и Цетиње