СДСМ: Мицкоски нарачува анкети за да си ја задржи фотелјата

Христијан Мицкоски доживеа дебакл со своите лаги и деструкции, со обидите да ја дестабилизира државата со крвави сценарија и да ја закочи на европскиот пат. Тој денеска е изолиран и осамен, освен проруската Левица на Димитар Апасиев, сите други па дури и коалициски партнери му го свртеа грбот на Мицкоски, стои во соопштението на СДСМ.

-Затоа денес Мицкоски нарачува анкети за да си го билда сопственото его и за да ја задржи фотелјата во Белиот дворец. Фингираните анкети, исто како и референдумот служат единствено за лична внатрепартиска употреба на Мицкоски, додаваат оттаму.

СДСМ потенцира дека ништо не може да го скрие фактот дека Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, работи на штета на државните и националните интереси.

 

Претходна вестАнкета на ИПСОС: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност над СДСМ, огромното мнозинство против францускиот предлог
Следна вестНовиот директор на ЗОО Скопје Илевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа